Во холот на НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола, на ден 24.04.2023 година (понеделник) во 11.30 часот ќе биде поставена изложба на 100 книги, стари 100 години од фондот на Библиотеката “АЛБИ” – с. Бабино, Демир Хисар по повод Светскиот ден на книгата и авторските права.

Ве покануваме заедно да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторското право.

Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор – книгите кои се печат на едно време…

Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.