Прекрасна драматизација на сопствен текст, денес ни претставија учениците од 2 одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола под менторство на својата наставничка Марина Станковска која сама ја напиша оваа драма. Овие прекрасни дечиња ни ги оживеаја ликовите од бајките, пред нас и пред своите родители ни ја покажаа на уникатен начин важноста на читањето книги.

Извадок од драмата:

Црвенкапа: „Книгите се најголемото богатство и богат е оној кој чита.“

„Може волкот е голем и силен, но јас сум посилна од него. Јас читам многу книги и можам да го надитрам затоа што во книгите се собрани сите мудрости на овој свет.“

Бајките се волшепство кое не учи многу, ни дава можност да сме свои и да фантазираме. Патувајќи од чин во чин, од бајка во бајка извлековме огромна поука за значењето на книги.

Дел од дејствието на драмата се одвива во замислена библиотека, за да ја доближиме вистинската библиотека поблиску до овие ученици после претставата тие има можност да ја разгледаат нашата библиотека и да видат што се има во неа, како можат да се зачленат и што можат да користат.

Им благодариме за прекрасната претстава, иако мали тие покажаа дека се големи души!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link