На 24 септември 2014 година во 12 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во присуство на амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Стефано Лазарото, амбасадорот на Р. Австрија д-р Томас Михаел Баер, почесниот конзул на Р. Австрија и раководител на австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева, на директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, г-дин Науме Ѓоргиевски му беше врачена донација на книги од Швајцарија за Австриската Библиотека, која е во склоп на Библиотеката во Битола.
Во присуство на поканетите гости проф. д-р Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Снежана Петровска, совет за образование при Општина Битола, професори по германски јазик од основните и средните училишта од Битола, професори и студенти од Педагошкиот факултет – Битола, ученици од Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола, како и други присутни посетители, се одржа манифестација по повод донацијата на книги за Австриската Библиотека.
Во текот на програмата свое обраќање имаа: амбасадорот на Швајцарија, амбасадорот на Р. Австрија, директорот на Библиотеката и почесниот конзул на Р. Австрија во Битола.