По повод Меѓународниот ден на пријателството 27 јули, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа работилница со децата кои ја посетуваат летната програма на „Креативна сфера“ – Битола
На оваа работилница децата ја слушнаа прекрасната приказна за пријателството „Јазовецот и зајакот“ извадок од Приказни за добра ноќ. Библиотекарката ја избра баш оваа приказна зошто на многу сликовит начин се прикажани вредностите на пријателството и во кои моменти можеме да откриеме дали покрај нас имаме вистински пријатели.
Да бидеме верни пријатели, да бидеме чесни и искрени и да им помагаме на пријателите кога ќе се во неволја се учи уште од најмали нозе. Од денешната приказна извлековме голема поука: „пријателите кои нѐ искористуваат само кога им требаме во неволја, подобро е да ги немаме“.
Денес нашите мали пријателчиња ја напуштаат нашата библиотека како наши нови членови и со мал поклон за спомен од денешната посета.
Детството е богато кога е исполнето со сликовници.