На 3 декември 2024 година, со почеток од 10 часот, во Центарот за конференции и студии, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје го организираше вториот по ред Ден на COBISS, во рамките на одбележувањето на 20 годишнината од имплементацијата на системот COBISS во Македонија и основањето на националниот COBISS-центар.

Тема на настанот е новата верзија на COBISS, апликациите COBISS Cat и COBISS Lib, нивното користење и досегашните искуства. За темата од ИЗУМ Словенија свои излaгања имаа директорот д-р Алеш Бошњак, м-р Бранко Курњек и Наташа Муркович, кои ги охрабрија македонските библиотекари да започнат со работа во новата програма, и го посочија 30.05.2025.г. како краен рок за престанок со работа на старата апликација COBISS 3. За 20 години COBISS.MK и  ВБМ Центар зборуваше м-р Жаклина Ѓалевска од Национална библиотека.

Во втората сесија под менторствo на д-р Јана Михајловска, претседател на Библиотекарското здружение учествуваа предавачите од Националната библиотека Јелисавета Костадинова за искуствата од користењето на COBISS Cat  и фонд во COBISS Lib, додека за набавка и зајмување, предавање одржа м-р Елизабета Трпчевска-Петрушевска. Новата потребната ИТ-опрема за непречено работење во новата верзија на COBISS  е презентирана од Љупчо Јованов. Присутните имаа прилика да го проследат и стручното предавање за каталогизација на фондот на Збирка Ориенталистика

На настанот учествуваше библиотекар советник и програмски раководител м-р Јелена Петровска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook