На 14. 02. 2022 година, во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола поставен е штанд со тефтерчиња и обележувачи за книги со мисли за љубовта. Директорот м-р Бојан Стефановски, на нашите редовни читатели им ги подели, посакувајќи им да ја сакаат книгата и да продолжат да бидат наши верни читатели. За оваа активност да биде реална ни помогнаа учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола со изработката на тефтерчињата и обележувачите, а за донацијата на балоните им благодариме на Јовановиќ Сања и Балуловска Јована.

Facebook link