НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска организираше дегустација на книги од македонски автори за средношколците од градот Битола и околината.
Настанот имаше за цел да ги запознае младите читатели со богатството на македонската литература и да ги мотивира да читаат дела од домашни автори.
Средношколците имаа можност да се запознаат со различни книжевни жанрови и стилови, како и да учествуваат во дискусии за книгите што ги дегустираа.
Оваа иницијатива е дел од напорите на библиотеката да поттикне љубов кон читањето и да го поддржи развојот на културната свест кај младите.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook