Вчера во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа промоцијата на книгата „Преплетени со природата“ од познатиот д-р Александар Митов!
Во ова дело, авторот ги споделува најновите сознанија за петте нишки на здравјето, истакнувајќи го значењето на природата за добросостојбата на телото и умот. Промоцијата привлече бројни посетители кои имаа можност да слушнат инспиративни совети и корисни информации директно од авторот.
Благодарност до сите што присуствуваа и ја поддржаа оваа значајна иницијатива! Следете нè за повеќе вакви настани и инспирација за здрав и природен живот.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook