На ден 20.09.2023 година се одржа втората работилница за промоција на слем поезијата меѓу младите. Учесниците имаа можност да се претстават со свои творби и на креативен начин да ја пренесат својата порака. Авторските творби ќе бидат дел од слем натпревар каде што ќе се чуе гласот на младите и моќта на говорениот збор.

Слем- поезијата е одлична можност за младите да ги научат современите уметнички перформнси и да ги изразат своите стихови во вид на личен став со кои ќе поттикнат важни прашања.

Работилницата се одржа во просториите на НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, а учество зедоа млади и креативни творци од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола. Предвидени се уште две средби каде што под менторство на проф. по македонски јазик и книжевност Лидија Атанасасовска, како и предавачите Михајло Свидерски и Елена Богдановска, учениците ќе имаат можност да работат на својот слем-настап.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook