Активностите по повод Детската недела, ја завршуваме со посета на детските градинки „Пеперутка“ и „Славејче“, каде запознавме едни прекрасни дечиња.
Во есен има се и сешто, па и по некоја прочитана приказна од библиотекар. Преку приказната за малата бубамара, се запознавме со пеперутката Биби, со богомолката и пајакот и по некоја чудна бубамара, која како и нашата мала бубамара Лара со жолти крилца, биле посебни бубамари.
Да им читаме на најмалите, да ги научиме да ги сакаат книгите и да сакаат да се дружат со нив.
Се гледаме во библиотека!!!!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook