Денес нашата библиотека ја посетија учениците од Подрачното училиште „Коле Канински“ од Поешево со наставничките Гордана Трајковска и Анета Јаневска. Есента е годишно време кое води кон книгите. Кога надвор е ладно, времето го поминуваме дружејќи се со нив.

Учениците не израдуваа со прекрасно изработените одбележувачи за книги кои се уникатни и изработени со преголема љубов.

Во боите на есента и магијата, денот го поминавме во прекрасна дружба и моменти за паметење.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook