Голема благодарност до директорката на ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, Билјана Стојковска која се вклучи во нашата кампања и на првиот училишен ден на своите првачиња им ги подели ваучерите за едногодишна бесплатна членарина во НУУБ „Св. Климент Охридски “ – Битола.
Првачињата од македонските и албанските паралелки сега можат да бидат наши членови и заедно да се дружиме со сите сликовници, книги и лектири како на македонски така и на албански јазик со кој што располага нашата Библиотека.
Првачиња, Ве очекуваме!