На покана на раководителката на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева, а на иницијатива на м-р Симона Монавчева (специјалност- Nöstlinger) проф. по германски јазик во Основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола 16 ученици од 7. и 9. одделение, кои го изучуваат германскиот јазик подготвија литературно читање и натпревар во брзо читање на германски јазик.
Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ организира топол прием на учениците така што со водење низ детскиот оддел, австриската читалница, магацинскиот простор, медиотеката и новите читалници ги запознаа учениците со новите настани кои се случија во изминатиот период, со начинот на пребарување и изнајмување на книги, со начинот на складирање на книгите и нивните права и обврски како читатели.
Во новата читалница бр.1 учениците ги читаа текстовите од книгата “Mini ist die Größte” од австриската писателка Christine Nöstlinger. Потоа со помош на колешките Билјана Кицевска, Марина Петровска и Кристина Илиева беше организиран натпревар со учениците во брзо и точно читање на текстовите на германски јазик.
На крај д-р Илиева мотивирајќи ги учениците да продолжат да ги користат книгите на германски јазик од Австриската библиотека во Битола им подари пригодни подароци на учениците.