Билатерална соработка со Јавната библиотека Нанјинг од Кина (Nanjing Library China)

Средба со Чен Јун (Chen Jun) – директор на Библиотека од Нанјинг

Во рамките на Третиот Форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина беа предвидени и средби со претставници на држави учесници.

Директорот на Библиотека од Нанјинг и програмски раководител м-р Јелена Петровска разговараа за најразлични прашања од областа на библиотечното работење и значење на иницијативата за соработка на земјите од југоисточна Европа и Кина.

Предизвиците со кои постојано се судруваат библиотеките, промени предизвикани со развојот на технологија и промена на потребите на корисниците беа во фокусот на разговорот. Иако неспоредиви по просторни можности и техничка опременост, библиотеките од Европа парираат со иновативни идеи во пристапот кон корисникот и токму Форумот е платформа за размена на нови идеи и можности за размена на добрите практики. Домаќинот се заблагодари за поддршката на Форумот од страна на библиотеките од Македонија, истакна неговата неизмерна благодарност до библиотекарите кои патуваа од далечни дестинации и по 24 сати за да можат да презентираат своите библиотечни програми во Кина. Директорот се заблагодари и за учество во два панели со актуелни теми од библиотечните програми на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, и изрази желба во иднина да ја посети нашата земја, вклучително и библиотеката.

Организаторот на годинашниот форум директорот Чен Јун на библиотеката и подари книга со реплика на старите кинески ракописи, која што читателите ќе можат да ја разгледаат во библиотеката.

23.10.2023, Нанјинг Кина

Facebook post