Ученици и „Литературниот клуб“ од СОУ„Таки Даскало“ –Битола под менторство на професорките Билјана Исијанин и Николина Поповска иницираат проект „Отворени книги“.

Проектот ќе се реализира во соработка и просториите на НУ Универзитетска библиотека„Св.Климент Охридски“-Битола.

„Отворените книги “се простор каде секој ќе може да се изрази слободно, поттикнати од сликите и зборовите кои се појавуваат само на одредени страници, додека останатите празни страници ќе треба да ги пополнат сами. На тој начин ќе се создаде оригинално дело од слики и зборови кое пак истото ќе може слободно да биде надградувано од посетителите во просторот во кој ќе бидат оставени. Неутралноста на зборовите и сликите ќе биде збогатена со еден нов предизвик во кој истите ќе може да се интерпретираат на различен начин. „Знак“, „Индикација“, „Постоење“, „Дали сонуваш“ се само дел од темите кои ќе поттикнат дела во кои ќе можеме барем за момент да ѕирнеме одблиску во микрокосмосот на младите.

Автори:

Билјана Исијанин и Николина Поповска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook