Почитувани, во рамките на месецот на книгата, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со Австриската библиотека Ве покануваат на следните настани:
– вторник на 29.10.2019 во 16.30 часот се организира работилница за Австриската писателка Мира Лобе, со ученици од 6. – 9. одделение од ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Тодор Анѓелевски“ од Битола.
– среда на 30.10.2019 во 17.00 часот се организира работилница за Австриската писателка Кристине Нестлингер со ученици од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.
Работилниците се организираат заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамките на месецот на книгата и во рамките на најголемиот австриски литературен фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита. Место за средба – Библиотека“. Истиот се одржува од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на Австриските библиотеки во странство. Една од 65 Австриски библиотеки во 28 држави се наоѓа токму во Битола и Австриската библиотека во Битола се приклучува на овој литературен фестивал со две манифестации: две работилници една за ученици кои го изучуваат германскиот јазик во основно училиште и една за ученици кои го изучуваат германскиот јазик во средно училиште.