Од 24 до 28 октомври 2022 година, започна Воведниот состанок на нашето 30-месечно партнерство во рамки на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш одамна … и сега“ во Кискунхалас, Унгарија.
За време на состанокот, партнерите беа информирани за планираните активности, предвидените резултати и нивните конкретни задачи и ресурси со кои располагаат за остварување на целите на проектот. Најважните моменти беа двете сесии за читање бајки во вечерните часови. Претставниците на партнерите читаа бајки од различни земји и со различни содржини.
Главните резултати од проектот се:
- Европска книга за ромска бајка со вкупно 40 ромски бајки од 8 земји партнери, секоја секоја на националниот јазик и најчесто зборуваниот ромски дијалект
- Монографија за ромските бајки што го опишува нивното потекло, традиција и значење за културното наследство на Ромите и за европското културно наследство
- Наставна програма за едукација на раскажувачи, образовани раскажувачи и 80 спроведени раскажувачки настани.
Следниот партнерски состанок ќе се одржи во март 2023 година во Грција.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола е дел од проектот Sasas Jekhvar Jekh. Once upon a time – and now.
Sasas Jekhvar Jekh е Еразмус проект. Земјите партнери се Германија, Бугарија, Унгарија, Србија, Романија и Грција.P
Повеќе фотографии од настанот на следниот линк: Facebook link