При одбраната на Цариград од отоманските освојувачи во 1453 година, загинал царот Константин XI, а неговото тело никогаш не е пронајдено. Легендата вели дека пребегнал со брод на трговци од Џенова, на тој начин избегнувајќи сигурна смрт, и станал Бесмртен цар.
Пет века подоцна, тројца мистериозни мажи се поврзуваат со младиот професор од Истанбул, како членови на тајно друштво, коешто наследството на Бесмртниот цар им го пренесува на идните генерации и му обзнануваат дека тој ја продолжува владејачката лоза. За да ја преземе контролата над огромното богатство, ќе мора да ги исполни последните желби на своите предци: да помине низ тешки и пред сè мистериозни обреди за иницијација, коишто ќе ја стават на сериозна проба силата не неговата волја.
Во стил на Умберто Еко, Алтун ни ги открива најскриените мистерии на древниот Константинопол и современиот Истанбул, испреплетувајќи ги историјата и фикцијата во неразмрсиво раскажувачко клопче коешто го остава читателот без здив сè до возбудливиот расплет.