На дваесет и четиригодишна возраст светот на Мет Хејг се распадна. И тој не гледаше начин како да продолжи со животот. Ова е вистинска приказна за тоа како ја преживеа кризата, како ја победи болеста што реши да го уништи и како научи одново да живее.
Трогателно, смешно и забавно истражување за тоа како човек да живее подобро, како да љуби подобро и како да се чуствува пожив. „Причини да се преживее“ е многу повеќе од мемоар. Ова е книга за начинот на кој најдобро може да се искористи времето на земјата.