Прибежиште – Жером Лубри

Нормандија, 1986 година. Младата новинарка Сандрина Водрие дознава дека баба и Сизан, која никогаш не ја запознала, и оставила во наследство се што имала. Поради тоа Сандрина оди во куќата во која Сизи живеела сама, на еден мал остров недалеку од брегот. Кога ќе стигне на тој сив и студен остров, Сандрина открива дека на него живеат четворица старци. Сите тие ја опишуваат баба и како срдечна и шармантна жена, а тоа е далеку од сликата што таа ја имала за неа.
Меѓутоа атмосферата на тоа место е многу чудна…
Сандрина набргу сфаќа дека жителите кријат некоја тајна, но и дека се плашат од некого или нешто. Но тогаш зошто никој од нив не го напушта островот? Што се случило со децата од летниот камп што ненадејно бил затворен во 1949 година? И која всушност била баба и?
Вознемирувачки роман што ја потресува душата…

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

07/06/2023