Невидлива – Сузи Лајнес

Рејчел е средовечна жена во менопауза. Таа во цутот на нејзината младост била сон на секој маж. Од многуте прилики, за животен сопатник го избира Марк – симпатичен, скромен и пристоен маж. Единствениот кој повеќе ја цени убавата душа наспроти убавата физиономија. Рејчел бракот го замислува како семејна идила и максимално се посветува на своите деца и нејзиниот сопруг кој неизмерно ја обожава. Но, со текот на времето годините ѝ натежуваат, таа се истроши и се запостави. По повеќе од дваесет и седум години брак, таа станува „невидлива“ за нејзиниот сопруг – програмирана куќна помошничка. Никој од потесниот круг на семејството и надвор во општеството веќе не ѝ обрнува внимание. Сите гледаат преку неа – а не во неа, како да е невидлива.
Револтот кој растe во неа од ден на ден почнува да ескалира. Одеднаш се најде лице во лице со нејзиниот психијатар, стравувајќи дека можеби нешто страшно направила – што ако убила некого? Таа не може да си поверува како нејзиниот живот целосно се променил. Љубовта на стероиди – предизвикува надеж длабоко скриена во нејзината потсвест:„Кога веќе е невидлива да направи нешто кое никој не би можел ни да претпостави дека е способна“.

Информации

Објавено на

28/04/2022