Лажливиот живот на возрасните – Елена Феранте

Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните
Убавото лице на 13-годишната Џована почнува да се менува и да огрдува и таа сè повеќе заличува на тетка ѝ. Барем така мисли нејзиниот татко. Но дали таа ги гледа работите такви какви што навистина се? Дали се претвора во Викторија, жена која одвај ја познава, a која нејзините родители очигледно ја презираат? Во кое огледало би требало да се погледне за да се најде себеси и да успее да се засака и да се спаси?
Џована го бара својот одраз во двете линии на нејзиното семејство, во двете крајности на сопствената личност. Растргната меѓу двата спротивни краја на родниот Неапол, меѓу височината и приземноста, префинетоста и вулгарноста, таа се впушта во една мачна потрага по вистината. Проникнувањето во долгогодишните семејни тајни ќе ѝ го открие нејзиното вистинско лице.

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

19/09/2023