„Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“
Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна web адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.
Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.