ON-LINE платформа за брзо учење

Дали некогаш ти наближувал испитот на факултет, а едноставно не си имал енергија и време да побараш помош и успешно да го положиш?

Конечно пристигна првата македонска платформа за онлајн приватни часови Teachhoot.com.

Сега студентите и учениците можат да закажат приватен час во последен момент. Нема веќе трчање по автобус, на ладно време и загаден воздух. Сега можете да пиете топло чајче и да учите од својот безбеден и удобен дом. Целиот процес на закажување се завршува со неколку клика, а часот се одржува во живо, во виртуелна училница со помош на најразновидни интерактивни аудио-видео помагала.

Сè што треба да направиш е да се регистрираш, да се најавиш на својот профил, да го одбереш саканиот тутор и да закажеш час преку систем на пораки, во време кое најмногу ти одговара.

Доколку не сакаш да закажеш цел приватен час, а ти е потребно еднократно брзо решение на образовен проблем со кој се соочуваш во моментот, може да ја искористиш втората функционалност – објава на проблеми.

Со оваа функција едноставно објавуваш специфичен образовен проблем (на пример: задача по математика, помош во изработка на семинарска, пишување на есеј, проблеми во кодирањето итн.) и поставуваш време колку да трае објавата.

Објавениот проблем се праќа до туторите во соодветно избраната образовна категорија.

Повеќе информации на следниот линк:

https://www.fakulteti.mk/news/17-10-16/uchete_od_doma_i_polozhete_ispit_so_pomosh_na_prvata_makedonska_platforma_za_onlajn_privatni_chasovi.aspx
Информации

Објавено на

31/01/2022