Некој знае што направила… сега сака да ја натера да плати.
Пред седумнаесет години нешто ѝ се случи на ќерката на Џес. Кога таа ќе се сети на тоа, крвта ѝ замрзнува. Таа се обиде да се помири со улогата што ја одигра во однос на тоа што се случи. Направи грешка и цената на таа грешка е висока: ја промени засекогаш, повеќе не е личноста што некогаш беше, никогаш нема ни да биде.
За да се дистанцира од грешките од минатото, таа се сели и започнува да го живее животот одново со своето семејство. Тоа требаше да биде нов почеток – шанса да го заборави минатото и да ја прифати иднината. Но, кога во нејзиниот дом почнуваат да се случуваат застрашувачки работи, навидум поврзани со она што ѝ се случи на нејзината ќерка, Џес знае дека минато повторно ја достигнало. Некој мисли дека Џес не платила доволно и сака да ја натера да страда поради тајните што ги чувала сите овие години. Секој прави грешки, но дали секој заслужува да му биде простено?