Сè поради еден бакнеж – Трејси Eн Ворен

Бајронови ги бие глас дека се „луди, лоши и опасни луѓе.“ И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува.
Заглавен во сеништата од военото минато, Кејд Бајрон не излегува од своето село. А потоа одеднаш се појавува Мег со своите бујни облини и таа влегува во неговиот живот. За да ја спаси нејзината чест пред случајниот гостин, Кејд ја претставува како своја вереница, а потоа одат во Лондон со намера Мег таму да го најде својот иден маж.
Но, како што нивното преправање се зголемува, така Кејд сфаќа дека не сака да ја изгуби… Еден бакнеж засекогаш ќе промени сè.
Трејси Ен Ворен е современа американска писателка на историски љубовни стории. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД

Cobiss link

Информации

Објавено на

04/10/2022