Сите исчезнати девојки – Меган Миранда

Поминаа десет години откако Николет Фарел – Ник, го напушти провинциското гратче Кулеј Риџ, откако нејзината најдобра пријателка Корин исчезна без трага. Ник е верена за успешен адвокат од високите кругови во Филаделфија, успеала да изгради завидна кариера, ама враќањето во родното место ги отвора старите рани. Средбата со некогашните пријатели и поранешниот младич Тајлер кај Ник предизвикуваат неочекувани чувства, а демоните од минатото ја гризат од внатре.
Што се случило онаа кобна ноќ кога Корин исчезна од забавниот парк?
Николет е повторно влезена во центарот на шокантна драма, а случајот стар десет години повторно е отворен. Сега, кога исчезна уште една девојка од нивната стара дружина, Аналеис Картер, јазолот од тајни и лаги на прв поглед изгледа нерешлив, а во ноќниот кошмар Тајлер е единствено засолниште за Ник.
Дали Ник е невина жртва или фатална жена, останува неизвесно до самиот крај на овој врвно напишан психолошки трилер.

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

05/06/2024