Трауматичното минато и кошмарите од детството ја поттикнаа Бри да стане најдобра детективка за убиства: тоа што не ја уби, ја направи посилна. Таа знае дека не може да го смени минатото, но затоа научи како да живее со него. По повеќе од дваесет и пет години, минатото се повторува, истите работи ѝ се враќаат како ‘дежаву’ – само овојпат во друг облик. Смртта демне таму каде што никој не ја очекува. Една кобна ноќ, нејзината помала сестра Ерин е застрелана и убиена, а нејзиниот зет е исчезнат.
Бри не знае колку може да биде експлозивна границата помеѓу љубовта и омразата. Доказите против нејзиниот проблемати-чен зет, кој ги кажува вистинските зборови, а го покажува своето право лице само кога ќе го загуби трпението, стануваат сè пообемни… Бри заедно со нејзиниот познаник Мет, кој е поранешен специјален детектив, влегуваат во потрага по вистината и ги откриваат тајните за животот и смртта на нејзината сестра. Колку повеќе ја откриваат вистината, толку повеќе опасноста стигнува поблизу до нејзиниот дом. Уште еднаш семејството на Бри е фатено во канџите на смртта и овојпат може да биде фатално за неа.