Светислав Басара добитник на наградата „Прозарт“ инфо-корисник годинашен добитник на „Прозарт“ – наградата што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ од Скопје ја доделува за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот.Тој е авторот на романот „Фама за велосипедистите“, кој според многу ранг-листи на критиката се смета за еден од најдобрите српски романи на 20 век. Басара бил едногласно избран од Одборот за доделување на наградата: претседателот Ермис Лафазановски и членовите Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.– Прозното творештво на Басара е извонредно богато и разновидно: освен неговите култни романи, тој досега напишал книги со раскази, есеи и колумни, кои критиката одлично ги оценила. Блескавиот авторски почеток на Басара се најави уште со неговите први прозни дела – „Кинеското писмо“ и „Peking by Night“, кои веднаш го издвоија како најубедлив претставник на постмодернизмот. По овие дела, Басара речиси без прекин создаваше романи кои беа откритие и за српската и за балканската книжевност, се вели во одлуката на Одборот.Басара ќе ја прими наградата во Даут-пашиниот амам на затворањето на фестивалот, на 29 мај со почеток во 19.30 часот. На тридневниот фестивал Басара од 27 до 29 мај ќе биде во друштво на авторите од Балканот: Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Ајфер Тунч од Турција, Јуриј Худолин од Словенија и Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина. „ПРО-ЗА Балкан“ и оваа година е во организација на издавачката куќа „Икона“.Превземено од:https://standard.mk/svetislav-basara-dobitnik-na-nagradata-prozart-na-festivalot-pro-za-balkan/ ← Нова летна шема, 2018 Адам Загајевски, добитник на Наградата Златен венец на СВП →