Освен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите мали нешта поради кои животот заслужува да се живее, и тоа на место кое навидум им припаѓа на мртвите.
Виолет Тусен е чуварка на гробишта во мало гратче. Нејзиното кафе, нејзината насмевка, но и разговорот со оваа жена со големо срце која секогаш има убав збор за секого, е вистинска утеха за луѓето што за последен пат ги испраќаат своите најмили.
Еден ден се појавува Жилиен Сел, полициски комесар кој има необично барање. Неговата мајка починала неодамна, а нејзина желба била урната со пепелта да ѝ биде поставена во гробот на некој сосема непознат човек. Од тој момент сè ќе се промени.
Приказната за тајната љубов на мајката на Жилиен, како и времето што тој и Виолет го поминуваат заедно, полека ќе го урнат ѕидот што таа со години внимателно го градела околу себе. Бидејќи длабоко во себе и Виолет чува болна тајна.
Романот на Перен претставува ода на животот и воспевање на љубовта која не е посилна од физичката смрт, туку е љубов која го победува заборавот и, откако човекот ќе научи да живее со болката, го насочува дека врз тие спомени треба да го гради остатокот од животот.
Свежа вода за цвеќиња – Валери Перен
Нови наслови