Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единствената што останала жива во текот на трагичната ноќ.
Повеќе од пет децении подоцна, нема и парализирана, седи врзана за инвалидска количка. Ленора никогаш немала можност да ја каже својата страна на приказната, сè додека нејзината нова негувателка, Кит, не ѝ донесе дактилографска машина. Со еден функционален прст, Ленора почнува да пишува: „Сакам да ти кажам сè.“
Додека Кит ѝ помага на Ленора со пишувањето, станува јасно дека приказната крие повеќе од тоа што сите мислат. Но, кога на виделина излегуваат нови детали, Кит почнува да се сомнева дали Ленора ја кажува целата вистина. Дали жената за која се грижи можеби е многу поопасна одошто си мисли?