Рандеву – Луиз Џенсен

Нешто лошо и се случи на Алисон Тејлор.

Нејзината саботна вечер почна нормално. Поради разделбата со сопругот, пријателите ја убедуваат да излезе на рандеву со друг човек. Таа е подготвена, нервозна и возбудена.

Спремна е да направи чекор кон нејзината нова иднина.

До недела наутро, животот на Али е непрепознатлив. Се буди знаејќи дека нешто не е во ред.

Дома е, сама, повредена и не се сеќава што и се случило.

Уште полошо, кога ќе се погледне во огледалото, таа не го препознава ликот кој гледа во неа. Не може да ги препознае ниту роднините ниту пријателите. И не може да ја препознае личноста која се обидува да ја уништи.

Cobiss link

Информации

Објавено на

05/01/2023