„Повеќето мажи ја оценуваат жената според тоа колку повеќе ги повредила, а не според тоа колку ги усреќила.“
Мерлин Монро трогателно ја раскажува нејзината семејна историја за животот на нејзината мајка која завршува во ментална институција и нејзиното детство како сирак во дури девет згрижувачки семејства… И покрај тешкото детство и многуте неуспешни обиди да стане актерка, таа никогаш не се откажува од својот сон: ‘да живее во свет со светли бои’. Чита многу книги и поминува многу курсеви. И кога конечно се вивнува на врвот во Холивуд – место каде што ќе ти платат илјада долари за бакнеж, а педесет центи за твојата душа, таа наоѓа љубов…
Автобиографски роман за ранливата жена со ледено срце, кој е многу покомлексен од гламурозната божица што ја прикажува екранот.
Од сирак до ѕвезда – Мерлин Монро
Нови наслови![](https://nuub.mk/wp-content/uploads/2022/06/Од-сирак-до-звезда-1080x1267.jpg)