„Ноќта – Филм кој се чита“ од Игор Трајковски Фоја, романот што ја брише границата меѓу фикција и реалност. Инспирацијата за оваа приказна влече корени од 90-тите години, кога мрачно и грозоморно убиство ги потресе Битолчани. Настанот, кој предизвика бурен интерес и љубопитство во градот, остави траен впечаток и кај мене. Подоцна, како сопственик на локал каде што се собираа тинејџери, тоа стана сведок на суровите последици од системските пропусти, особено врз младите, кои лесно завршуваат на темните улици. Овој роман, создаван од 2017 година до денес, е плод на сите тие искуства, со секоја страница внимателно изработена и полна со живот. Во ова уникатно дело раскажувам приказна која е истовремено интригантна криминалистичка мистерија и моќна социјална анализа. Секој настан, секој лик и секој детаљ носат нова димензија на мистеријата, додека вистината се открива полека, слој по слој.
Ноќта – Игор Трајковски Фоја
Нови наслови






