Култ – Камила Лекберг, Хенрик Фексеус

Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден.
Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се повторно во акција. Веднаш пронаоѓаат сличности со друго киднапирање – за жал, со трагичен крај. Сфаќаат дека се соочуваат со опасен убиец. За да ја реши загатката за првпат по драматичните настани пред две години, Мина бара помош од менталистот и нејзин стар пријател, Винсент Волдер. Нивниот однос е посебен. Ѕидот што ги делеше почнува да пука кога повторно ќе се сретнат.
Винсент и полицијата пронаоѓаат паралела помеѓу последното киднапирање и други исчезнати деца. Прашање на време е кога ќе исчезне уште некој и затоа мораат брзо да дејствуваат.
Во меѓувреме, отуѓената ќерка на Мина влегува во мистериозниот свет на Епикура, таинствена организација која тврди дека е центар за развој на лидерство. Може ли Мина да го заштити своето дете, кое воопшто не знае дека Мина постои?

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

10/05/2024