Кога душата зборува – Наде Вељанова

Колку многу посака
да се разбуди во ова
есенско утро и газејќи
по златно – жолтите алеи
се да се пресели
некаде
надвор од нејзиниот ум,
та никогаш повеќе
да не заљуби сенка
што често и’ доаѓаше
како посакуван лик
во празните мечтаења
кога сонот и го
крадеше инсомнијата.
Наместо тоа само
една мисла и помина низ умот:
“И љубовта и болката
престануваат со
првите зраци на зората”

Cobiss link – фонд

Информации

Објавено на

16/10/2025