Почитувани читатели, сите ја знаеме опојната моќ на добрата приказна од некоја книга. Моќ што не Ви дозволува да ја оттргнете од вашите раце.

Затоа, како најчитани книги за ова лето во нашата Библиотека, кои би Ве опиле со навистина добра приказна, би Ви ги посочиле следниве:
– Лусинда Рајли – „Полноќна роза“, „Серијалот Седумте сестри“, „Девојчето на гребенот“, „Љубовното писмо“, „Сенки од минатото“, „Куќата на орхидеите“
– Јелена Бачиќ Алимпиќ – „Последната пролет во Париз“, „Куферот од Берлин“, „Неговите бели ракавици“
– Колин Хувер – „9ти Ноември“, „Можеби некогаш“, “Можеби никогаш“, „Сурова љубов“
– Рис Боуен – „Детето од Тоскана“
И уште многу други наслови, кои чекаат на ред нивната приказна повторно да биде прочитана!
Ве очекуваме!