Една ноќ на островот – Џози Силвер

Една викендичка. Двајца туѓинци. Секоја љубовна приказна мора да почне од некаде…

Клео секој ден пишува љубовни приказни. Само што таа самата не живее во ниедна од овие приказни. Кога нејзината уредничка на колумни за романтични состаноци ја тера и организира да оди на еден ирски остров, за Клео да го прослави својот триесетти роденден, Клео се согласува. Таа е сама, сепак не е осамена. Така што лесно може сама да се справи со оваа авантура.
Кога Клео ќе пристигне во убавата викендичка, ќе се соочи со еден висок, тврдоглав Американец, со црна коса, што тврди дека викендичката е негова. Мек одбива да си оди, но и Клео не сака да се помести. Како што силното невреме и бура надоаѓаат набрзина, тие одлучуваат да се засолнат во викендичката заедно, а следниот ден да одлучат што ќе прават понатаму. Иако ни двајцата не го сакаат тоа. Сепак, на крајот на краиштата, тоа е само една ноќ…
Но, што ако таа една ноќ на островот е само почеток?

Cobiss link – фонд

Информации

Објавено на

29/05/2025