Дневникот на собарката – Лорет Ен Вајт

Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено,
тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.
Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.
Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.
И никој не умее да му побегне на минатото.

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

17/01/2024