Благодарение на најновата технологија за работа со ДНК, главниот патолог на Њујорк успева да ја изведе првата успешна идентификација на жртва од терористичките напади на единаесетти септември 2001.
Пресвртот се состои во тоа што жртвата е Викторија Форд, своевремено обвинета за убиство на нејзиниот љубовник, инаку женет човек. Во последниот телефонски повик до сестра си, од кој замрзнува крвта, Викторија ѝ остава порака со која ја преколнува да ја докаже нејзината невиност. Сестрата, Ема Кајнд, чека дваесет години за да спласне правта, но таа траума не може да се смири сè додека не успее да го обели образот на Викторија. Јажето, спалната соба и целата сцена на злосторството биле прекриени со траги од ДНК на сестра ѝ, но дали зад ова се крие нешто повеќе? Пред дваесет години никој не ја слушал вистината. Денес ќе ја слушнете вие.
Дваесет години подоцна – Чарли Донли
Нови наслови






