Дали знаете што е библиосмија (bibliosmia) ?

Драги читатели и љубители на добрата книга, верувам дека секој од Вас, барем еднаш во животот посегнал и ја помирисал книгата што ја држи во своите раце, без разлика дали таа е стара или нова.

Дали знаевте дека мирисот што произлегува кога отворате книга има име? Да, тоа е поимот „Библиосмија (Bibliosmia)“.

Овој поим го измислил д-р Оливер Тирл (Oliver Tearle), предавач на англиски јазик на Универзитетот (Loughborough University) во 2014 година, комбинирајќи ги грчките зборови за „книга“ и „мирис“. Тој сакал да ја докажи моќта на книгата што можеме да ја земиме  во рака, наспроти електронските книги кои луѓето се повеќе ги читаат.

–  Но зошто книгите мирисаат како што мирисаат?

„Книгите кои се свежо испечатени можеби мирисаат на хартија и мастило, но постарите книги имаат посладок мирис кој се пробива низ носот на љубителите на книги и останува таму.  И судејќи според сѐ, повеќето луѓе тој мирис ги потсеќа на мирисот на чоколадо. Во едно истражување објавено во научното списание „Херитиџ Сајнс“, истражувачите од Универзитетот „Колеџ Лондон“ ги истражувале мирисите на книги и библиотеки, склопувајќи класификациска шема која би можела да помогне при категоризација на мирисите од минатото и можеби дури и да ги дијагностицира книгите во распаѓање пред штетата да излезе од контрола.“

Понекогаш најдоброто нешто во врска со книгата е таа прекрасна сензација на библиосмија: ефектот што книгата го има врз ноздрите додека вдишувате во мирисот на страниците. Луѓето кои се зависни од таа миризба се нарекуваат- bibliosmia person.

Затоа Ви посакувам да уживате во нашите книги!

Превземено и адаптирано од повеќе интернет страни на тема: Bibliosmia

Информации

Објавено на

07/02/2022