„Далечен брег“ е современ роман со интригантна структура, раскажан преку вештонасликаните портрети на три љубовни парови коишто живеат во Европа, во временски распон од четири календарски сезони.
Во нарацијата на романот (иако навидум ноншалантно и со ефемерен стил на раскажување) – сепак, авторот градуално и мунициозно се осврнува на личните корелации и на психолошките детали, притоа вешто зачинувајќи ги со „теориите за заговор“ на светското совремие. Најпосле, дејствието на романот ќе биде крунисано со еден потполно неочекуван расплет кон крајот на нивните тесно испреплетени приказни.
Серафимовска посебно се осврнува и на движечката сила на љубовта, гледана од својот карнален (овоземен) аспект на меѓучовечките односи,
но и од оној религиозен, повозвишен аспект на нејзиното севкупно чувствување и поимање како таква…