КОГА ТУЃИНЦИТЕ ВО НОЌТА…
Тој живее меѓу сенките. Додека ја става маската на таинствениот одмаздник познат под името Духот од Сент Џајлс, единствена желба на Годрик Сент Џон е да ги заштити невините граѓани на Лондон. Се додека во еден од своите ноќни походи не се соочува со дрската млада жена што му вперува пиштол во главата – а тој сфаќа дека тоа е неговата сопруга.
ЌЕ СТАНАТ ЉУБОВНИЦИ…
Леди Маргарет Ридинг вети дека крваво ќе му се одмазди на Духот од Сент Џајлс – убиецот на човекот на нејзиниот живот. Враќајќи се во Лондон кај мажот што не го видела од денот на нивната венчавка, Маргарет зад маската не го препознава својот маж. Див, строг и опасен, Духот од Сент Џајлс е се, од што се плашеше дека ќе биде – ама и многу повеќе од тоа.
СТРАСТА Е НАЈГОЛЕМА ОПАСНОСТ.
Кога ќе засветка страста, тие двајца интимни туѓинци даваат од себе многу повеќе од она што некогаш им беше намерата. Ама кога Маргарет ќе ја сфати вистината – дека Духот е нејзин маж – играта е готова, а играчите мораат да се предадат… на искушението што и двајцата може да ги уништи.
Господарот на темнината – Елизабет Хојт
Нови наслови