Возот со сираци – Кристина Бејкер Клајн

Моли e тинејџерка која ќе го изгуби својот татко во сообраќајна несреќа, но бидејќи нејзината мајка е психички нестабилна да ја чува, таа завршува во дом. По кратко време е посвоена. Нејзината бунтовност резултира со условна казна. Таа има само две опции: или да оди во затвор или да ја одработи казната – да го исчисти поткровјето на 91-годишната старица Вивијан.

Вивијан живее мирен живот на брегот на Мејн. Но кутиите на нејзиниот таван кријат спомени од еден бурен живот на едно сираче, ставено во воз со стотици други сираци чии судбини беа однапред или случајно одредени. Колку Моли ѝ помага на мистериозната старица, толку повеќе открива паралели со сопствениот живот. Додека нејзините емотивни бариери почнуваат да се распаѓаат, Моли открива дека има моќ да ѝ помогне на Вивијан да ги најде одговорите на мистериите што ја прогонувале целиот нејзин живот – одговори кои на крајот ќе ги ослободат и двете напуштени деца, едно во минатото и друго во сегашноста.

Моќна сага за животните пресврти, издржливоста и едно неочекувано пријателство.

Cobiss link

Информации

Објавено на

06/06/2022