Библиотека на сенките – Микел Биркегор

Кога Лука Кампели умира ненадејно од насилна смрт, неговиот син Јон ја наследува антикварната книжарница „Либри ди Лука“ во Копенхаген. Младиот и надежен адвокат Јон го нема видено својот отуѓен татко цели дваесет години по мистериозното самоубиство на неговата мајка.

По обидот за подметнување пожар во книжарницата, Јон е принуден да го истражува семејното минато. Тој не знае дека книжарницата со години крие неверојатна тајна. Таа е место за состаноци на тајното библиофилско друштво на љубители и читатели на книги, кои ја одржуваат традицијата на огромната и неверојатна моќ, пренесена од времето на големата библиотека на античкиот град Александрија. Јон е вовлечен во мистериозниот свет на тајните организации кои ја користат спиритуалната моќ на книгите – за да влијаат на политичарите и јавните личности.

Но, некој се обидува да ги уништи Леторите, а Јон се наоѓа во борба за својот живот и за животите на своите нови пријатели…

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

12/04/2023