Без здив – Ејми Мекалок

Во зоната на смртта, кога мозокот е гладен за кислород, не може да им се верува ниту на сопствените очи…
Откако едвај го преживеа искачувањето на Сноудон, новинарката Сесили Вонг се заколна дека никогаш повеќе нема да стапне на планина. Но, тогаш добива ексклузивна можност да го интервјуира светски познатиот алпинист Чарлс Меквеј, откако ќе се искачи на последниот врв од неговата мисија. Сепак, постои еден услов – ќе мора да се искачи заедно со него на осмиот највисок врв во светот.
Задачата е тешка, а не ја олеснува ниту фактот што чудни работи почнуваат да се случуваат уште пред почетокот на нивната авантура. Ќе најде порака закачена на нејзиниот шатор, горко предупредување дека во вртоглавите височини демне убиец.
Изолирана на планината, без речиси никаков контакт со надворешниот свет, Сесили ќе мора да преживее во суровата средина со уште петмина туѓинци, справувајќи се со низа препреки, кои навестуваат дека навистина постои некој на планината кој сака да ги убие, еден по еден, сите што се осмелиле да стапнат во зоната на смртта, каде што воздухот е недоволен дури ни за вресок…

Cobiss link – Фонд

Информации

Објавено на

05/06/2024