Афера – Мари Форс

Телефонскиот повик што им ги смени животите засекогаш…

На денот на благодарноста, во резиденцијата на Белата куќа, претседателот Нелсон е пронајден мртов, предизвикувајки го целиот свет на потпреседателот Ник Капуано и неговата сопруга, потполковничката Сем Холанд, да се вивне во хаос. Нивниот некогаш спокоен семеен живот се распрснува под тежината на шокот што ја потресува целата нација, додека Ник е повикан да ја положи заклетвата како претседател на Соединетите Американски Држави.

Трудејки се да обезбедат мирен трансфер на власта, Сем неможе да се ослободи од чувството на став и неизвесност.

Нејзините мисли се фокусирани на сопругот, своето семејство, семејството Нелсон, на земјата и на тежината на новата функција што Ник мора да ја прифати. Но длабоко во нејзиниот ум се појавува уште едно прашање: што ќе значи сето тоа за нејзината кариера ? Решена да биде првата дама која ќе го задржи своето работно место надвор од Белата куќа, Сем брзо сфаќа дека ќе мора да направи компромиси во својата работа како детектив за убиства.

Нивните животи ненадејно се претвораат во лавиринт од состаноци, барања за интервјуа, сложени прашања поврзани со децата и безброј замки што мора да ги избегнат додека преминуваат од второ во прво семејство. Неочекуван проблем со дипломатско патување во Иран го вовлекува Ник во центарот на неговите нови одговорности, додека Сем се соочува со истрага за убиство што можеби е поврзана со случај стар петнаесет години.

Додека се околу нив излегува од контрола, Сем и Ник наоѓаат засолниште еден во друг, потпирајки се на нивната нераскинлива врска за да го пебродат невремето што им престои.

Cobiss link – фонд

Информации

Објавено на

29/05/2025