Во позната лондонска канцеларија на угледен адвокат влезе жена во скапа, но многу извалкана облека што виси на нејзиното изнемоштено тело. Таа изгледа како да има потешкотии да зборува. Персоналот во канцеларијата мисли дека станува збор за скитничка која спие по улици.
Кога адвокатот, г-дин Армстронг, го дознава името на неговата посетителка, целиот персонал е шокиран од неговата реакција.
Тој е премногу возбуден што конечно ќе ја реши мистеријата што го мачи дваесет и шест години – Ајрин, сега наречена како „Тивката дама“ – некогаш млада, многу убава и музички надарена. Сопруга на најбогатиот и најмоќен маж и мајка на сакан син… Што се случило со неа? Што правела и каде била во текот на сите тие години? Каде исчезнал нејзиниот прекрасен глас?