Моли Греј е една посебна девојка. Светот ѝ го толкувала нејзината баба и ѝ го претворила во едноставни правила со помош на кои можела да функционира. Откако останува без својата баба, принудена е сосема сама да се снаоѓа во овој исклучително комплициран свет.
Моли е посветена на својата работа како хотелска собарка – нејзиниот уникатен карактер, заедно со опсесивната љубов кон чистењето и прописните правила на однесување, ја прават идеална за оваа работа.
Секое утро со задоволство ја облекува чистата униформа, ја полни количката со минијатурни сапуни и шишенца шампон, и ги враќа гостинските соби во хотелот Риџенси Гранд во совршена состојба.
Но, уредниот живот на Моли се врти наопаку оној ден кога ќе влезе во апартманот на озогласениот и богат Чарлс Блек и ќе ја затекне собата во неред, а господинот Блек мртов во постелата. И пред да успее да сфати што се случува, се претвора во главна осомничена поради своето необично однесување, заробена во мрежата на измамите што не знае како да ја расплете.