Теди Клок, по вторпат во својот живот, преживува масакр. Одвај се спасил кога пред две години било убиено целото негово семејство. Сега има четиринаесет години и се чини дека минатото се повторува, затоа што повторно е единствениот преживеан од масакрот на неговото згрижувачко семејство. Случајот е доверен на детективката Џејн Рицоли. Решена да го заштити момчето, Џејн открива дека секоја случајност е само застрашувачки дел од суровиот план на безмилосен убиец.
Џејн го носи Теди во интернатот „Вечерна“, засолниште на трауматизирани деца, жртви на насилен криминал. Иако местото е изолирано, опкружено со шуми и под будно око на вработените на интернатот, Џејн се сомнева дека Теди го надгледува и некој друг. Кукли испрскани со крв, најдени на едно дрво, ќе и потврдат на Џејн дека интуицијата не ја измамила. Вез основа на трагичното минато и на други две деца од интернатот, неверојатно слично на она на Теди, Џејн заклучува дека убиецот нема да застане само на една жртва.
Здружувајќи ги силите со форензичкиот патолог Мора Ајлс, Џејн е решена да ги заштити децата и да ја реши мистеријата на нивните трагедии пред убиецот да го изврши својот морбиден потфат.